Последна измена:

Политика за колачиња

Колачињата се мали датотеки што веб-страницата ги зачувува во вашиот прелистувач. Слично на нив, користиме и локално складирање (localStorage и IndexedDB). Тука се наведени сите.

1. Што користиме

Користиме само неопходни и функционални колачиња — без рекламни, без следење и без колачиња од трети страни.

ИмеВидНаменаТраење
authjs.session-token, __Secure-authjs.session-tokenКолачеНајава — го памети вашето најавување (шифрирано). Без него не може да се работи во панелот и касата.30 дена
authjs.csrf-token, __Host-authjs.csrf-tokenКолачеЗаштита од лажни барања (CSRF) при најава.До затворање на прелистувачот
authjs.callback-url, __Secure-authjs.callback-urlКолачеСтраницата на која се враќате по најавата.До затворање на прелистувачот
tezgah_orgКолачеАктивната фирма, ако сте член на повеќе фирми.1 година
tezgah_langКолачеИзбраниот јазик на апликацијата.1 година
tezgah_waiterКолачеКој келнер е најавен на касата (режим со келнери).14 часа
tezgah_hhКолачеНајава на келнер на телефон преку QR код.14 часа
tezgah.pos.tableView, tezgah.hh.viewЛокално складирањеПриказ на масите — план или листа.Додека не го избришете
tezgah-kitchen-sizeЛокално складирањеГолемина на текстот на екранот за кујна.Додека не го избришете
fiskalna.cookies.ackЛокално складирањеДека го видовте известувањето за колачиња.Додека не го избришете
fiskalna-offlineIndexedDBПродажби направени без интернет, додека не се испратат до серверот.Додека продажбите не се испратат

2. Статистика без колачиња

На јавните страници (почетна, најава, регистрација) користиме Cloudflare Web Analytics. Таа брои посети збирно, без колачиња и без да зачувува ништо на вашиот уред. Во панелот, касата и апликацијата за келнери не се мери ништо.

4. Како да ги избришете

Колачињата и локалното складирање може да ги избришете во поставките на прелистувачот. Ако го избришете колачето за најава, ќе бидете одјавени.

Внимание: ако ја избришете базата „fiskalna-offline“ додека касата има продажби направени без интернет, тие продажби ќе се изгубат. Прво поврзете се на интернет за да се испратат.

5. Контакт

Прашања испратете на е-поштата за контакт наведена подолу. Повеќе за личните податоци: Политика за приватност.