Каса за бутик, облека и обувки
Секоја големина и боја со своја залиха и свој баркод — без табели и без погодување што уште има на полица.
Што добивате
Големини и бои
Еден модел, многу варијанти: касата нуди избор на големина и боја, а залихата се води за секоја посебно.
Етикети со баркод
Печатете етикети со баркод за артиклите што немаат баркод од производителот.
Повеќе продавници
Секоја продавница со своја залиха; преносницата ја движи стоката меѓу нив.
Враќање и сторно
Купувачот враќа артикл: сторно сметка, враќање пари и стоката назад на залиха.
Попис
Бројте со скенер по оддели; разликите се книжат со документ.
Најчести прашања
Дали ја гледам залихата по големина?
Да. Залихата се гледа за секоја големина и боја, во секоја продавница.
Може ли купувачот да врати само еден артикл?
Да. Се враќаат само избраните ставки и количини, а програмата памети колку е веќе вратено.
Може ли продавачите да имаат свој пристап?
Да. Секој вработен има своја улога и ПИН; касиерот гледа само каса и својата смена.