Магацин и залиха
Секоја продажба, приемница и испратница ја менува залихата веднаш. Знаете што имате, што недостасува и колку вреди — во секој магацин и продавница.
Што добивате
Приемница
Стоката од добавувачот се внесува рачно, од влезна е-Фактура или од фотографија на фактурата.
Попис
Пребројте ја стоката, програмата ја покажува разликата и ја исправа залихата.
Преносница меѓу магацини
Стоката тргнува од едната продавница и пристигнува во другата — со статус „на пат“.
Нивелација и ЕТ
Промената на цена се евидентира; трговската книга ЕТ се води сама, по продавница.
Минимална залиха
Поставете минимум за производ и видете што треба да се нарача пред да снема.
Најчести прашања
Дали залихата се намалува со фискалната продажба?
Да. Секоја продажба на касата и секоја издадена испратница ја намалуваат залихата во магацинот на таа каса.
Може ли да имам повеќе магацини?
Да. Секоја продавница има свој магацин; стоката се префрла со преносница.
Како да ги внесам постоечките производи?
Увезете ги од Excel (CSV) или внесувајте ги со баркод читач. Почетната залиха се внесува со попис.