е-Фактура преку УЈП

Издадете ја фактурата како и досега — програмата ја потпишува, ја праќа во системот на УЈП и ви го враќа EUID бројот. Влезните е-фактури стигнуваат на истото место.

Што добивате

Праќање со еден клик

Фактурата се проверува пред праќање: ЕДБ, ДДВ по стапки, задолжителни полиња. Грешките се гледаат пред УЈП да ги одбие.

Потпишување со сертификат

Сертификатот на фирмата се поставува еднаш; секоја е-Фактура се потпишува автоматски.

EUID и QR код

По прифаќањето, EUID бројот и QR кодот се печатат на фактурата, за купувачот да ја провери.

Влезни е-фактури

Прифатете или одбијте ја влезната е-Фактура; прифатената со еден клик станува приемница на стока.

Статус на секоја фактура

Испратена, прифатена, одбиена — гледате каде е секоја фактура, без да ја отворате веб-страницата на УЈП.

Најчести прашања

Од кога е задолжителна е-Фактура?

Според Предлог-законот, за ДДВ обврзниците од 1 април 2027; датумот може да се смени. Подобро е да се подготвите порано.

Што ми треба за е-Фактура?

Регистрација на фирмата во системот на УЈП и сертификат за потпишување. Сè друго — формат, потпис, праќање — го прави програмата.

Може ли да ги примам и влезните е-фактури?

Да. Влезните е-фактури се гледаат во програмата; можете да ги прифатите, да ги одбиете или да ги внесете како прием на стока.