Програма за фактури
Издадете фактура за една минута — со правилен ДДВ, редни броеви и PDF што ги прикажува сите македонски букви.
Што добивате
Фактури, понуди, испратници
Од понуда до фактура со еден клик; броевите одат по ред, посебно за секој вид документ.
ДДВ и износ со букви
ДДВ се пресметува по ставка и се групира по стапка; износот се печати и со букви.
Наплата
Делумни и целосни уплати: што е доспеано и кој колку должи.
е-Фактура преку УЈП
Потпишување со сертификат, проверка пред праќање, EUID и QR код на фактурата.
Влезни фактури
Прифатете или одбијте влезна е-Фактура и внесете ја како прием на стока со еден клик.
Најчести прашања
Дали ми треба фискална каса за да издавам фактури?
Не. Начинот „Само фактури“ е за фирми што фактурираат без каса; сите модули остануваат достапни.
Од кога е задолжителна е-Фактура?
Според Предлог-законот, за ДДВ обврзниците од 1 април 2027; датумот може да се смени.
Може ли сметководителот да има пристап?
Да, со улога Сметководител: документи, плаќања и извештаи, без пристап до касата.